Често поставувани прашања

  • Општи прашања за Еуропас

    • Што е Еуропас?

      Пет документи создадени да им помогнат на Европските граѓани да ги направат нивните вештини и квалификации јасни и лесно разбирливи во Европа.

    • Колку чинат Еуропас документите?

      Еуропас документите се бесплатни.

    • Дали смеам да ги пополнам Еуропас документите лично?

      Еуропас кратката биографија и Еуропас јазичниот пасош може да бидат пополнети онлајн. Снимањето на Кратката биографија/Јазичниот пасош во XML или PDF+XML формат ќе ви овозможи да ги аплоадирате и ажурирате во некоја следна фаза. Трите други документи (Еуропас додатокот на сертификат, Еуропас додатокот на диплома и Еуропас мобилити) се` издаваат од организации.
    • Како може да ги контактирам Националните Еуропас центри (НЕЦ)?

      Контакт информација за Еуропас центрите во сите ЕУ земји е достапна на тука.

  • Кратка биографија

    • Како ја пополнувам мојата Еуропас кратка биографија?

      Еуропас кратката биографија може да се пополни: - онлајн. Следете ги онлајн инструкциите и примерите. Потоа електронски ќе добиете пополнета Кратка биографија (превземање/download или електронска пошта). Важно е секогаш да ја зачувате Еуропас кратката биографија во XML или PDF-XML формат на вашиот компјутер за да можете подоцна да ја аплоадирате и промените онлајн; - офлајн. Превземете ги Еуропас документите за кратка биографија (празен образец, инструкции, примери и Еуропас насловна страна). Потоа може да ги употребите овие информации за да ја креирате вашата Кратка биографија на вашиот компјутер.

    • Дали може да ја употребам онлајн алатката за Кратка биографија за да ја ажурирам мојата Еуропас кратка биографија?

      Зачувувањето на вашата Кратка биографија во XML или PDF+XML формат ќе ви овозможи подоцна да ја аплоадирате и ажурирате онлајн вашата Кратка биографија. Вашите лични податоци ќе бидат внесени од системот. Кратката биографија снимена во Word или OpenDocument формат не може да биде аплоадирана за ажурирање.

    • Каде се чува мојата Еуропас кратка биографија?

      Вашата Еуропас кратка биографија пополнета онлајн се зачувува на вашиот компјутер или ви се праќа по електронска пошта. Можете да го зачувате документот во различни формати откако ќе го пополните. Ви препорачуваме да го зачувате документот во XML или PDF-XML формат, кој што ви овозможува да ја ажурирате Кратката биографија онлајн. Вашите лични податоци не може да бидат видени од трета страна. Податоците не се зачувуваат на Еуропас серверите.

  • Јазичен пасош

    • Зошто ми е потребен Јазичен пасош?

      Еуропас јазичниот пасош е стандардизиран образец за само-оценување на способностите за познавање јазици. Јазичниот пасош ја користи Заедничката европска референтна рамка за јазици развиена од страна на Советот на Европа.

    • Кој го потврдува Европскиот јазичен пасош?

      Европскиот јазичен пасош е алатка за само-оценување на јазичните способности. За него не е потребна потврда или верификација.

    • Каде се чува мојот Еуропас јазичен пасош?

      Вашиот Еуропас јазичен пасош пополнет онлајн се зачувува на вашиот компјутер или ви се праќа по електронска пошта. Откако ќе го составите Јазичниот пасош, можете комплетниот документ да го зачувате во XML или PDF-XML формат, кој што ви овозможува да го ажурирате Јазичниот пасош во било кое време.

  • Еуропас мобилност

    • Кој може да аплицира за Еуропас мобилност?

      Институциите што испраќаат носители на Еуропас мобилност во странство аплицираат за Еуропас мобилност. Може да биде училиште кое што аплицира за своите ученици или компанија што испраќа свои вработени во странство. Моментално, не е овозможено на физички лица да аплицираат за Еуропас мобилност.

    • Во кои земји може да се одржат периодите на учење/остручување?

      Апликацијата Еуропас мобилност може да се изработи за престои во странство во сите ЕУ земји, ЕЕЗ земјите (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн) или во Турција, Хрватска и Швајцарија. Апликацијата Еуропас мобилност во моментов може да се изработи за следните земји: Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Исланд, Ирска, Италија, Кипар, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Обединето Кралство, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Турција, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Шведска, Шпанија.

    • Дали може да аплицирам за Еуропас мобилност во период поминат во странство како куќен помошник или за јазични курсеви?

      Во Еуропас мобилност се запишуваат периодите на учење во странство (Европа). Апликациите за Еуропас мобилност ги поднесуваат училиштата, стручните училишта, центрите за стручна обука, меѓународните канцеларија на академските институции, секторите за човечки ресурси на компаниите и универзитетите . Важно е дека мора да се исполнети критериумите за квалитет што се наведени во Одлуката за Еуропас за престој во странство. Овие критериуми се следните: - писмен договор помеѓу домашната институција и институцијата домаќин за содржината, целите и времетраењето на периодот на обука/учење; - соодветни јазични подготовки на учесниците; - ментор во странство што ќе обезбеди подршка и ќе делува како контакт партнер; - секоја од вклучените земју мора да биде членка на Земјите членки на Европската Унија или на Европска асоцијација за слободна трговија (ЕАСТ) / Европска Економска Зона (ЕЕЗ) земја (плус Турција и Хрватска).
    • Дали апликацијата за Еуропас мобилност може да се изработи за активности што ќе се случат во земјата на апликантот?

      Не. Со Еуропас мобилност се забележуваат вештините и активностите што се случиле за време на период поминат во странство. Не може да се употреби за обука што се случува во земјата на апликантот. Ве молиме имајте на ум дека активностите за учење на далечина што се случуваат во сопствената земја исто така не може да бидат земени во предвид.

  • Додаток на сертификатот

    • Што е Еуропас додаток на сертификат?

      Додатокот на сертификатот е опис на сертификатите за стручно образование и обука што ја појаснува природата на обуката за одредена струка во секоја земја. Додатокот на сертификатот содржи краток опис на стручните вештини и на полето на стручна активност, и со тоа дава слика за знаењето, вештините и компетенциите стекнати во рамките на струката за која што се зборува. Додатокот на сертификатот исто така дава дополнителна информација за времетрањето, природата и нивото на обука и содржината на курсот. Додатокот на сертификатот не го заменува оригиналниот сертификат туку, со прикажување на природата на стекнатите квалификации, може да помогне во признавањето од страна на надлежните власти/институции. Додатокот на сертификатот ја прикажува содржината на сертификатите на начин што е стандардизиран во Европа, и со тоа го прави посебно погоден за аплицирање во странство.

    • Што не е?

      Еуропас додатокот на сертификатот не е: - замена за оригиналниот сертификат; - Систем што автоматски гарантира признавање/нострификација.

    • Дали Еуропас додаток на сертификатот може да биде од помош кога се бара работа во не-ЕУ земјите?

      Еуропас додатокот на сертификатот им помага на трети страни да ги разберат вештините/способностите што ги стекнале носителите на стручните сертификати. Ова е од особена важност кога се поднесува апликација за работа во странство.

  • Додаток на диплома

    • Што е Еуропас додаток на диплома?

      Еуропас додатокот на диплома се издава на дипломираните студенти на високо образовните институции заедно со нивната диплома или степен. Тој овозможува да се осигура дека образовните квалификации се лесно разбирливи, особено надвор од земјата каде тие се доделени. Еуропас додатокот на диплома е развиен во соработка со УНЕСКО и Советот на Европа.

    • Што не е?

      Еуропас додатокот на диплома не е: - замена за оригиналната диплома или степен; - Систем што автоматски гарантира признавање/нострификација.

    • Како и каде може да се добие Еуропас додатокот на диплома?

      Еуропас додатокот на диплома се издава од институцијата за високо образование или универзитет што го доделува степенот.