Активности во рамките на ЕУРОПАС за месец јуни 2017

Во месецот јуни како Еуропас Центар одржавме неколку работни средби во градинки, основни училишта и средни стручни училишта и тоа беа следниве:

  • На 01.06.2017 година беа одржани две одделни работни средби за еТвининг, Еуропас и Еурогајденс во градинката ЈУДГ ОЦ “13 Ноември” На оваа работна средба присуствуваа воспитувачи и негуватели од градинката.
  • На 08.06.2017 година беше одржанa работна средба за еТвининг, Еуропас и Еурогајденс во градинката ЈУДГ “8 Март” На оваа работна средба присуствуваа воспитувачи и негуватели од градинката.
  • На 12.06.2017 година се одржа Работен состанок во Средното општинско стручно училиште Илинден во општина Илинден за европските мрежи Еуропас и Еурогајденс.
  • На 16.06.2017 година се одржа Работна средба за европските мрежи еТвининг, Еуропас и Еурогајденс во ООУ Јан Амос Коменски и ООУ Лазо Трповски
  • На 19.06.2017 година се одржа работна средба за Еразмус+ Програмата и европските мрежи Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во СОУ Ѓорче Петров-Прилеп.
  • На 20.06.2017 година се одржа работна средба за Еразмус+ Програмата и европските мрежи Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во СЕПУГС Васил Антевски Дрен. Работниот состанок се одржа пред наставниците од СЕПУГС Васил Антевски Дрен.
  • На 23.06.2017 година се одржа Работна средба за европските мрежи еТвининг, Еуропас и Еурогајденс во ООУ Јохан Хајнрих Песталоци. На оваа работна средба присуствуваа наставници од ООУ Јохан Хајнрих Песталоци.
  • На 29.06.2017 година се одржа Работен состанок за европските мрежи Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во ОУ Аврам Писевски- Скопје. На овој Работен состанок присуствуваа наставници од ОУ Аврам Писевски.
  • На 30.06.2017 година се одржа Работна средба за Еразмус+ Програмата и европските мрежи Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во ООУ Вера Циривири-Трена, Скопје. На оваа работна средба присуствуваа наставниците и стручната служба од училиштето.

Целта на овие работни средби беше запознавање на наставниците со можностите и поволностите кои што ги нудат европските мрежи и Еразмус+Програмата и какви можности и поволности нуди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за наставниците во основите училишта.

Go back