Презентација на ЕУРОПАС во Битола

На 25.02.2016 година се одржаа две работни  средби за Еуропас и Еурогајденс. Првата работна средба се одржа на Правниот факултет во Битола на која присуствуваа 36 студенти и 32 професори а втората се одржа на Школата за лидерство и јавни политики Политеа во Битола на која присутвуваа 20 учесници. Целта на одржувањето на овие средби беше запознавањето на младите лица со можностите на двете мрежи и како овие мрежи би им користеле во нивна најскора иднина. Работните средби траеа околу еден час и половина, на кои се одржаа презентации за мрежите Еуропас и Еурогајденс како и  дел со прашања од страна на учесниците за двете мрежи.

Go back