Промотивна кампања за Еуропас и другите европски мрежи

Месец Мај

Во месецот мај 2016 година Еуродеск центарот одржа 2 работни средби од кои едната беше оддржана во Скопје во ООУ “Кирил и Методиј”-Скопје, а другата во општина Прилеп. На 19.05.2016 година беше одржана работна средба за мрежите Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во ООУ “Кирил и Методиј”-Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 20 наставника од ООУ “Кирил и Методиј”-Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со мрежите Еуропас, Еурогајденс и еТвининг, односно со Еуропас портфолиото, какви се документи содржи истото и за каква употреба се користат. Исто така беа презентирани и мрежите Еурогајденс и еТвининг и какви елементи и можности се нудат за истите. На крајот учениците и професорите од ООУ “Кирил и Методиј”-Скопје, одржаа две презентации за веќе спроведени еТвининг проекти. На 23.05.2016 година беше одржана работна средба за мрежите Еуропас, Еурогајденс, еТвининг и Еуродеск во општина Прилеп. На оваа работна средба присуствуваа представници од 4 основни училишта и 3 невладини организации вкупно 19 лица. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со мрежите како и кавки можности нуди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во полето на образованието и младите.

Месец Јуни

Во месецот јуни се одржаа повеќе средби и тоа се следниве:

  • На 01.06.2016 година беше одржана работна средба за Еразмус+, Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во ОУ Кочо Рацин-Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање на настаниците со програмата Еразмус + и со европските мрежи Еуропас, Еурогајденс и еТвининг. На оваа работна средба присуствуваа 13 наставници.

 

  • На 03.06.2016 година беше одржана работна средба за Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во ОУ Живко Брајковски-Скопје. Целта на одржување на оваа средба беше запознавање на наставниците се европските мрежи Еуропас, Еурогајденс и еТвининг. На оваа работна средба присуствуваа 51 наставници.

 

  • На 06.06.2016 година и на 07.06.2016 година беа одржани работни средби за Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во општините Дојран, Гевгелија, Тетово и Гостивар. На овие работни средби присуствуваа претставници од општините, од основни училишта од средни училишта и од невладини организации. Целта на одржување на овие средби беше запознавање со европските мрежи Еуропас, Еурогајденс и еТвининг. Покрај европските мрежи на учесниците им беше презентирано и за тоа какви се можности и поволности им нуди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку овие мрежи како и преку програмата Еразмус+. На овие средби присуствуваа вкупно 98 лица.

 

  • На 21.06.2016 година беше одржана работна средба за мрежите Еуропас, Еурогајденс, еТвининг и Еуродеск во општините Штип и Велес. На оваа работна средба присуствуваа наставници од основните и средните училишта во двете општини како и претставници од невладините организации. На овие работни средби беа присутни вкупно 52 лица.

 

 

Месец Септември

 

Во месецот септември се одржаа два семираи за мрежата Еурогајденс и тоа се следниве:

 

  • На 20.09.2016 година се одржа семинар за педагози, психолози и стручна служба,

согласно европаската мрежа Еурогајденс. Мрежата Еурогајденс промовира мобилност помагајќи им на советниците за  водство и поединци подобро да ги разберат можностите кои им стојат на располагање на европските граѓани низ цела Европа. Семинарот се одржа во ОУ Лазо Ангеловски и на истиот беа присутни педагози, психолози и стручна служба од повеќето основни училишта во општина Аеродром. Целта на одржување на овој семинар е запознавање со целите и активностите на Европската мрежа Еурогајденс, како и какви можности нуди истата за горенаведените лица.  На истиот присуствуваа 18 лица.

 

 

  • На 21.09.2016 година се одржа семинар за педагози, психолози и стручна служба, согласно европаската мрежа Еурогајденс. Мрежата Еурогајденс промовира мобилност помагајќи им на советниците за водство и поединци подобро да ги разберат можностите кои им стојат на располагање на европските граѓани низ цела Европа. Семинарот се одржа во АСУЦ Боро Петрушевски и на истиот беа присутни педагози, психолози и стручна служба од повеќето средни стручни училишта во Скопје. На истиот присуствуваа 13 лица.

 

На 22.09.2016 година беше одржана работна средба за мрежите Еуропас, Еурогајденс, еТвининг и Еуродеск во општините Кратово и Кочани. На овие работни средби присуствуваа наставници од основни, средните училишта од двете општини како и претставници од невладините организации. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со европските мрежи Еуропас, Еурогајденс и еТвининг како и какви можности нуди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во полето на образованието и младите. На оваа средба присуствуваа вкупно 45 лица.

 

На 23.09.2016 година беше одржана работна средба за еТвининг, Еуропас и Еурогајденс во Основно училиште “Ацо Шопов”-Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 32 представници од училиштето“Ацо Шопов”-Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање на вработените со еТвининг, какви можности нуди за нив и како може да подготват партнерски проекти преку еТвининг.Исто така беа запознаени со Еуропас портфолиото кои документи ги содржи истото и каква се примена можат да најдат овие документи во нивната иднина. На наставнивите накратко им беше објаснето и за останатите мрежи и какви можности нуди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На оваа средба присуствуваа вкупно 32 лица.

Go back