Промотивни настани на Еуропас во месец октомври 2017

Во месецот Октомври се одржаа следниве настани

Еуропас семинари во општините за млади невработени лица на кои им беа објаснети сите документи од Еуропас портфолиото а посебно се обрна внимание на Еуропас кратката биографија, мотивационото писмо и јазичниот пасош. Се одржаа неколку семинари и тоа во следниве општини:

-          на 02.10.2017 година се одржа Еуропас семинар во општина Кисела Вода

-          На 05.10.2017 година се одржа Еуропас семинар во општина Аеродром

-          На 30.10.2017 година се одржа Еуропас семинар во Работнички Универзитет-Штип

Исто така се одржаа и неколку Презентации за Еуропас и Еразмус+ високо образование низ Универзитетите во Република Македонија. Овие презентации беа направени пред студентите, професорите и административниот кадар. Исто така на овие презентации беа презентирани и успешни приказни од самите студенти кои што веќе биле на студентска мобилност преку Еразмус + Програмата. Дел од овие презентации се одржаа и на англиски јазик поради тоа што имаше присуство и од студенти од други земји кои што во моментов се на Еразмус+ студентска мобилност на универзитетите во Република Македонија. Презентации се одржаа на следниве универзитети:

-          03.10.2017 година- се одржаа Презентации за Еуропас и Еразмус+ високо образование на Европски Универзитет- Скопје

-          04.10.2017 година- се одржаа Презентации за Еуропас и Еразмус+ високо образование  на Меѓународен Балкански Универзитет- Скопје

-          06.10.2017 година- се одржаа Презентации за Еуропас и Еразмус+ високо образование  на Американ Универзитет- Скопје

-          25.10.2017 година- се одржаа Презентации за Еуропас и Еразмус+ високо образование  на Факултет за безбедност- Скопје

-          26.10.2017 година- се одржаа Презентации за Еуропас и Еразмус+ високо образование  на Државен Универзитет Тетово и на Универзитет на Југоисточна Европа

-          30.10.2017 година- се одржаа Презентации за Еуропас и Еразмус+ високо образование  на Универзитет Гоце Делчев-Штип

-          31.10.2017 година- се одржаа Презентации за Еуропас и Еразмус+ високо образование  на Факултет за бизнис економија-Скопје

Воедно се одржаа и Работни средби за Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во основни и средни училишта и тоа во следниве:

-          на 04.10.2017 година во ООУ Кочо Рацин-Скопје

-          на 05.10.2017 година во Гимназијата Зеф Љуш Марку

-          на 13.10.2017 година во ООУ Братство и Единство

 

Go back