Работна средба за ЕУРОПАС и ЕУРОГАЈДЕНС 21 јануари 2016

 

На 21.01.2016 година се одржа работна средба за Еуропас и Еурогајденс во ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 22-ца наставници од ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со  мрежите Еуропас и Еурогајденс, како и какви можности нудат, нивните елементи и новости. На оваа работна средба им беа објаснети  активностите кои ќе бидат организирани од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а се однесуваат на помош и поддршка на корисниците кои би аплицирале во наредните рокови а кои се поврзани со Еуропас и Еурогајденс.

Исто така беа поставени неколку прашања од страна на наставниците за мрежите и истите беа одговорени од страна на вработените од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност кои беа присутни на работната средба.  

Go back