Работни средби за ЕУРОПАС и ЕУРОГАЈДЕНС во Битола - 26/02/2016

На 26.02.2016 година се одржаа четири работни  средби за Еуропас, Еурогајденс и Еуродеск. Првата работна средба за Еуропас и Еурогајденс се одржа на Политехничката академија во Битола на која присуствуваа 8 лица, втората работна средба за Еуропас и Еуродеск се одржа на Техничкиот факултет во Битола на која присуствуваа деканот, продекани, професори и 8 студенти и, третата работна средба за Еурогајденс се одржа во Центарот за кариера при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола и четвртата работна средба за Еуропас, Еурогајденс и Еуродеск се одржа во општина Битола, на која присуствуваа 20 предстваници од 7 невалдини организации како и вработено лице во Секторот за образование при општина Битола. Целта на одржувањето на овие средби беше запознавањето на младите лица со можностите на трите мрежи и како овие мрежи би им користеле во нивна најскора иднина. Исто така на овие работни средби имаа можност и професорите и лицата учесници во Политехничката академија да се запознаат со елементите документите и можности на Еуропас и Еурогајденс, како и лицата представници од невладиниот сектор во општина Битола. 

Go back