Работа во Европа

  • Информации за EURES, ENIC-NARIC, Еурогајденс, професии за кои што се потребни специфични квалификации

    • Eures - Европски сервис за вработување

      EuresEURES (European Employment Service - Европски сервис за вработување) има за цел да го потпомогне слободното движење на работниците во земјите на ЕЕЗ. Партнери во мрежата се јавни сервиси за вработување, синдикати и организации на работодавачите. Партнерството се координира од Европската Комисија. Главни функции:

      - информирање, советување и обезбедување насоки за потенцијалните мобилни работници за можностите за работа, условите за живеење и работа во ЕЕЗ; 
      - обезбедување помош за работодавачите во регрутирањето на работници од други земји; 
      - обезбедување совети и водство за работниците и работодавачите во пограничните региони; 

      Посетете го порталот EURES


    • Mрежите ENIC-NARIC

      Enic NaricМрежaтa ENIC (Европска мрежа на информативни центри) се состои од национални информативни центри. Улогата на овие центри е да обезбеди информации и советувања во врска со:

      - признавањето на странските дипломи, степени и други академски и професионални квалификации;
      - образовните системи во другите европски земји и во сопствената земја;
      - можностите за студирање во странство, вклучувајќи информација за кредити и стипендии, како и за практични прашања поврзани со мобилноста и еквиваленцијата.
      Мрежата NARIC (National Academic Recognition Information Centres) е креирана во 1984 година. Мрежата цели кон подобрување на академското признавање на дипломите и периодите на студирање во Земјите членки на ЕУ, ЕЕЗ и источно европските земји.

      Посетете го порталот ENIC-NARIC


    • EUROGUIDANCE - Европски портал за советување и водство

      Eurguidance Euroguidance е мрежа од национални ресурсни центри за стручно советување. Главни функции:

      - обезбедување информации за можностите за образование и обука во Европа, главно за практичарите за советување, кои што треба масовно да ги насочат тие информации кон граѓаните;
      - поддршка на размената на квалитетни информации за системите за образовани и обука и за квалификациите во Европската Унија, Европската Економски Заедница и источно европските земји;
      - поддршка на порталот Ploteus.

      Посетете го порталот Euroguidance


    • Професии на кои што им се потребно специфични квалификации

    • Работа во Европа – вашите права