Последни новости

Промотивни настани на Еуропас во месец октомври 2017

Во месецот Октомври се одржаа следниве настани

Еуропас семинари во општините за млади невработени лица на кои им беа објаснети сите документи од Еуропас портфолиото а посебно се обрна внимание на Еуропас кратката биографија, мотивационото писмо и јазичниот пасош. Се одржаа неколку семинари и тоа во следниве општини:

-          на 02.10.2017 година се одржа Еуропас семинар во општина Кисела Вода

-          На 05.10.2017 година се одржа Еуропас семинар во општина Аеродром

-          На 30.10.2017 година се одржа Еуропас семинар во Работнички Универзитет-Штип

Активности во рамките на ЕУРОПАС за месец јуни 2017

Во месецот јуни како Еуропас Центар одржавме неколку работни средби во градинки, основни училишта и средни стручни училишта и тоа беа следниве:

  • На 01.06.2017 година беа одржани две одделни работни средби за еТвининг, Еуропас и Еурогајденс во градинката ЈУДГ ОЦ “13 Ноември” На оваа работна средба присуствуваа воспитувачи и негуватели од градинката.
  • На 08.06.2017 година беше одржанa работна средба за еТвининг, Еуропас и Еурогајденс во градинката ЈУДГ “8 Март” На оваа работна средба присуствуваа воспитувачи и негуватели од градинката.
  • На 12.06.2017 година се одржа Работен состанок во Средното општинско стручно училиште Илинден во општина Илинден за европските мрежи Еуропас и Еурогајденс.
  • На 16.06.2017 година се одржа Работна средба за европските мрежи еТвининг, Еуропас и Еурогајденс во ООУ Јан Амос Коменски и ООУ Лазо Трповски

2016 Он-лајн статистики на Еуропас порталот

2016 Еуропас порталот -извештаи за активностите (посети, преземања,  генерирани биографии генерирани онлајн) по земја и по јазик се достапни од одделот за статистика.

Објави ја твојата кратка биографија на Монстер

Со креирање на Еуропас кратката биографија, сега можете да ја објавите вашата Еуропас кратка биографија на Монстер и да ја искористите за да алицирате за милион работни места и да пронајдете многу работодавачи во Европа и пошироко.

Промотивни активности во основни училишта во Скопје

На 27.12.2016 година беше одржана работна средба за еТвининг, Еуропас и Еурогајденс во Основно училиште “Григор Прличев”-Скопје. На оваа работна средба присуствуваа претставници од училиштето. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање на наставниците со еТвининг...

ПОВРЗИ СЕ СО ЕУРОПАС- Видео за интероперабилност он-лајн

Дали сакате да научите нешто повеќе за интероперабилноста со Еуропас? Погледнете го новото видео на следниов линк

 

Промотивна кампања за Еуропас и другите европски мрежи

Во месецот мај 2016 година Еуродеск центарот одржа 2 работни средби од кои едната беше оддржана во Скопје во ООУ “Кирил и Методиј”-Скопје, а другата во општина Прилеп. На 19.05.2016 година беше одржана работна средба за мрежите Еуропас, Еурогајденс и еТвининг во ООУ “Кирил и Методиј”-Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 20 наставника од ООУ “Кирил и Методиј”-Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со мрежите Еуропас, Еурогајденс и еТвининг, односно со Еуропас портфолиото, какви се документи содржи истото и за каква употреба се користат.

Работни средби за ЕУРОПАС и ЕУРОГАЈДЕНС во Битола - 26/02/2016

На 26.02.2016 година се одржаа четири работни  средби за Еуропас, Еурогајденс и Еуродеск. Првата работна средба за Еуропас и Еурогајденс се одржа на Политехничката академија во Битола на која присуствуваа 8 лица, втората работна средба за Еуропас и Еуродеск се одржа на Техничкиот факултет во Битола на која присуствуваа деканот, продекани, професори и 8 студенти и, третата работна средба за Еурогајденс се одржа во Центарот за кариера при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола и четвртата работна средба за Еуропас, Еурогајденс и Еуродеск се одржа во општина Битола, на која присуствуваа 20 предстваници од 7 невалдини организации како и вработено лице во Секторот за образование при општина Битола.

Презентација на ЕУРОПАС во Битола

На 25.02.2016 година се одржаа две работни  средби за Еуропас и Еурогајденс. Првата работна средба се одржа на Правниот факултет во Битола на која присуствуваа 36 студенти и 32 професори а втората се одржа на Школата за лидерство и јавни политики Политеа во Битола на која присутвуваа 20 учесници. 

Работна средба за ЕУРОПАС во ГУЦ Здравко Цветковски Скопје

На 17.02.2016 година се одржа работна средба за документите на Еуропас во СГГУ Здравко Цветковски-Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 120 ученици и 3-ца наставници од СГГУ Здравко Цветковски-Скопје-Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со документите на Еуропас, колку и какви документи содржи Еуропас портфолиото и каде истите можат да се применат.

Работна средба за ЕУРОПАС во СУГС Арсени Јовков Скопје

На 11.02.2016 година се одржа работна средба за документите на Еуропас во СУГС Арсени Јовков, Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 19 ученици од СУГС Арсени Јовков. На оваа работна средба им беше детално објаснето на ученици за Еуропас портфолиото, кои документи ги содржи, како да ги поплнат истите, каде да ги најдат и за што се можат да ги користат истите. По завршувањето на презентацијата имаше и прашања од учесници на кои на истите им беше одговорено.

Работни средби за ЕУРОПАС и ЕУРОГАЈДЕНС во Скопје- 05/02/2016 (copy)

На 05.02.2016 година беше одржана работна средба за документите на Еуропас во СЕТУГС Михајло Пупин-Скопјe. На оваа работна средба присуствуваа 25 ученици од СЕТУГС Михајло Пупин-Скопје.

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ДОКУМЕНТИТЕ НА ЕУРОПАС - 27/01/2016

На 28.01.2016 година се одржа работна средба за документите на Еуропас во ДУЦОР Партенија Зографски-Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 25 ученици и 2-ца наставници од ДУЦОР Партенија Зографски-Скопје.

КАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ ЗА ЕУРОПАС КРАТКАТА БИОГРАФИЈА И ОСВОЈТЕ НАГРАДА

Помогнете ни да ја подобриме Еуропас Кратката биографија со тоа што ќе го пополните он-лајн прашалникот на следниов линк https://www.surveymonkey.com/r/europass_survey_EN

Прашалникот е анонимен и нема никакви лични детали кои се бараат од вас.

Ви благодариме за вашето одвоено време.

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ДОКУМЕНТИТЕ НА ЕУРОПАС

На 27.01.2016 година се одржа работна средба за документите на Еуропас во СУГС Лазар Танев-Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 35 ученици и 2-ца наставници од СУГС Лазар Танев-Скопје.

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ДОКУМЕНТИТЕ НА ЕУРОПАС

На 25.01.2016 година се одржа работна средба за документите на Еуропас во АСУЦ Боро Петрушевски-Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 23 ученици од АСУЦ Боро Петрушевски-Скопје. 

Работна средба за ЕУРОПАС и ЕУРОГАЈДЕНС 21 јануари 2016

На 21.01.2016 година се одржа работна средба за Еуропас и Еурогајденс во ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 22-ца наставници од ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје.

Упатство за пополнување на EUROPASS MOBILITY сертификат

Националниот Еуропас Центар го објавува првото издание на упатството за пополнување на сертификатот Еуропас Мобилност. Во овој документ ќе најдете корисни примери на Еуропас Мобилност сертификатот, информации за кои целни групи истиот е наменет, чекор по чекор насоки за пополнување на сертификатот и техничката поддршка што ја обезбедува македонскиот Национален Еуропас Центар.

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕУРОПАС И ЕУРОГАЈДЕНС

На 10.07.2015 година (петок) во 13.30 часот во просториите на Центарот за образование на возрасни се одржа работна средба за запознавање со програмите ЕУРОПАС и ЕУРОГАЈДЕНС. Целта на одржување на оваа работна средба е дел од Годишната програма на ЕУРОПАС и ЕУРОГАЈДЕНС на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и запознавање со елементите и придовките од овие две програми. На оваа средба присуствуваа 5 вработени лица од  на Центарот за образование на возрасни.

Самопроценка на вашите дигитални вештини он-лајн

Сега е можно да се изврши самопроценка на дигитални вештини (обработка на информации, комуникација, создавање на содржина, безбедност, решавање на проблеми) преку онлајн уредник Еуропас кратка биографија, употребувајќи нивоа и описи.