Што е ЕУРОПАС?

Пет документи што ги прават вашите вештини и квалификации јасни и лесно разбирливи во Европа:


Два документи слободно достапни, кои што се пополнуваат од европските граѓани:

  • Кратка биографија ви помага да ги презентирати вашите вештини и квалификации ефективно и читко. Вашата биографија можете да ја креирате онлајн со користење на туториали или да симнете образез, примери и инструктори.

  • Јазичен пасош е алатка за само-оценување на вашите вештини и квалификации за познавање на јазици. Можете да креирате свој Јазичен пасош онлајн со користење на туториали или да симнете образец, примери и инструкции.

Tри документи издадени од надлежните институции за образование и обука:

  • Еуропас мобилност содржи записи за знаење и вештините стекнати во друга европска земја;

  • Додаток на сертификатот дава опис на знаењето и вештините на носителите на сертификати за стручно образование и обука;

  • Додаток на дипломата дава опис на знаењето и вештините стекнати од носителите на високо-образовни степени.

Мрежа од Национални Еуропас Центри - тоа е првата точка за контакт ако сакате да научите повеќе за Еуропас

Нејзината цел е

  • да им помогне на граѓаните да ги претстават своите вештини и квалификации ефективно кога бараат работа или обука;

  • да им помогне на работодавачите да ги разберат вештините и квалификациите на работната сила;

  • да им помогне на институциите надлежни за образование и обука да ја дефинираат и претстават содржината на курикулумот.