За оние што бараат работа

  • Барате работа во вашата земја или странство?

    • Еуропас Кратка Биографија

      Користете ја Еуропас кратката биографија, документ што ги презентира вашите вештини и квалификации на ефективен и јасен начин.

      Кратка биографија


    • ​Еуропас јазичен пасош

      Користете го Еуропас јазичниот пасош, алатка за самооценување за познавањето и квалификациите за владеење на јазици.

      Јазичен пасош


    • EURES - Европски сервис за вработување?

      EURES (European Employment Service - Европски сервис за вработување) има за цел да го потпомогне слободното движење на работниците во земјите на ЕЕЗ. Партнери во мрежата се јавни сервиси за вработување, синдикати и организации на работодавачите. Партнерството се координира од Европската Комисија.
      Главни функции:
      - информирање, советување и обезбедување насоки за потенцијалните мобилни работници за можностите за работа, условите за живеење и работа во ЕЕЗ;
      - обезбедување помош за работодавачите во регрутирањето на работници од други земји;
      - обезбедување совети и водство за работниците и работодавачите во пограничните региони.

      Посетете го порталот EURES

    • Професии на кои што им се потребно специфични квалификации?

    • Работа во Европа – вашите права?

    • Права за престој во Европската Унија

  • Барате образование или обука во Вашата земја или во странство?

    • Ploteus - најдете курс

      Ploteus има за цел да им помогне на студентите, невработени што бараат работа, работниците, родителите, советниците и обучувачите да најдат информации за студирање во Европа:
      - можностите за учeње и обука кои што се достапни во Европската Унија;
      - системите за образование и обука;
      - програмите за размена и доделување на грантови;
      - се што треба да знаете кога се преселувате во странство во друга европска земја.

      Посетете го порталот Ploteus


  • Барате информација за признавањето/нострификацијата на Вашите квалификации?

    • Мрежите ENIC-NARIC

      Мрежaтa ENIC (Европска мрежа на информативни центри) се состои од национални информативни центри. Улогата на овие центри е да обезбеди информации и советувања во врска со:
      - признавањето на странските дипломи, степени и други академски и професионални квалификации;
      - образовните системи во другите европски земји и во сопствената земја;
      - можностите за студирање во странство, вклучувајќи информација за кредити и стипендии, како и за практични прашања поврзани со мобилноста и еквиваленцијата.

      Посетете го порталот ENIC-NARIC