За работодавачите

  • Планирате да вработите некого?

    • Еуропас кратка биографија

      Користете ја Еуропас кратката биографија, документ што ги презентира вашите вештини и квалификации на ефективен и јасен начин.

      Кратка биографија


    • ​Еуропас јазичен пасош

      Користете го Еуропас јазичниот пасош, алатка за самооценување за познавањето и квалификациите за владеење на јазици.

      Јазичен пасош


    • ​Еуропас веб сервиси

      Користете ги Еуропас веб сервисите за да управувате со вашите човечки ресурси.

      Extensible Markup Language (XML) помага споделување на структурираните податоци помеѓу повече различни информациски системи, особено преку Интернет. Еуропас XML обезбедува ефикасен начин за зачувување и унифицирано превземање на информациите за кандидатите од било која база на податоци за човечки ресурси.

      За да ја видите последната верзија на Еуропас XML шемата посетете го делот за превземања (download). Еуропас кратките биографии кои што се креирани онлајн и снимени во Adobe® PDF + Europass XML формат, содржат Еуропас XML прилог.

      Важно: личните податоци мора да бида процесирани во согласност со одредби и прописи применливи според заштитата на лични податоци.

    • EURES - Европски сервис за вработување

      EURES (European Employment Service - Европски сервис за вработување) има за цел да го потпомогне слободното движење на работниците во земјите на ЕЕЗ. Партнери во мрежата се јавни сервиси за вработување, синдикати и организации на работодавачите. Партнерството се координира од Европската Комисија.
      Главни функции:
      - информирање, советување и обезбедување насоки за потенцијалните мобилни работници за можностите за работа, условите за живеење и работа во ЕЕЗ;
      - обезбедување помош за работодавачите во регрутирањето на работници од други земји;
      - обезбедување совети и водство за работниците и работодавачите во пограничните региони.

      Посетете го порталот EURES


  • Планирате да испратите вработени во странство заради обука или стажирање?

    • ​Еуропас мобилност

      Користете го Еуропас Мобилност, документ за евиденција на вештините и квалификациите стекнати во другите европски земји.

      Еуропас мобилност



  • Сакате да научите повеќе за Вашите квалификации?